Уште два брода со жито испловија од пристаништето Черноморск

Сподели со своите пријатели

Уште два брода со жито го напуштија украинското црноморско пристаниште Черноморск денеска, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Loading...

Бродот „Фулмар С“, кој плови под знамето на Барбадос, тргна од украинското пристаниште Черноморск со товар од 12.000 тони пченка за јужната турска провинција Искендерун, се наведува во соопштението.

Товарниот брод „То“ под знамето на Маршалските Острови, исплови од истото пристаниште и се упати кон Текирдаг, Турција, превезувајќи 3.000 тони семки од сончоглед.

Со нивното заминување, од 1 август досега од Украина испловија вкупно 16 бродови, според договорот меѓу Русија и Украина, со посредство на Турција и Обединетите нации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Во соопштението се додава дека уште еден брод денеска ќе тргне од Турција за Украина за да купи жито, наведува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.