Уште денеска и утре попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска пртепладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат од Управата, минималните температури ќе бидат од 12 до 19, а максималните од 27 до 34 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време во претпладневните часови, а попладне можни услови за појава на дожд и грмотевици. Максималната температура ќе достигне 26 степени.

До утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Потоа во наредните денови ќе биде претежно сончево, од петок со умерен до засилен северен ветер.

Image by Brin Weins from Pixabay

Leave a Reply