Урсула фон дер Лајен денеска во посета на Киев

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе го посети Киев.

Loading...

Во своето ноќно обраќање тој рече дека претседателот на ЕК ќе дојде во Украина, која се обидува да стане членка на ЕУ, пренесува Гардијан.

Фон дер Лајен ги објави плановите за посета на Киев вчера за време на нејзиниот говор за состојбата на ЕУ во Стразбур, кога вети дека ЕУ ќе продолжи да дава поддршка за Украина.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.