Ураганот Агата стигна до брегот на Мексико

Сподели со своите пријатели

Агата, најсилниот ураган во историјата, кој во мај стигна до копното во источниот дел на Пацификот, ги погоди туристичките плажи и рибарските градови во јужно Мексико.

Loading...

Поради обилните дождови и силните ветрови, туристите и жителите мораа да се кријат во засолништа.

 

Расте бројот на жртви од временските непогоди во Бразил

 

Агенцијата за цивилна заштита на Оахака покажа дека семејствата брзаат кон засолниште во градот Почутла, како и лизгање на камења и кал што го блокираше автопатот меѓу тој град и главниот град на државата, Оахака Сити.

Агата пристигна на копното на околу 10 километри западно од Пуерто Анџело како силна бура од категорија 2, со максимална брзина од 165 километри на час, пренесува АП.

Ураганот се движел кон североисток со брзина од 13 километри на час. Службениците за вонредни состојби на федерално ниво соопштија дека собрале оперативна група од повеќе од 9.300 луѓе и дека се отворени повеќе од 200 засолништа откако синоптичарите предупредија на опасни бури и поплави поради обилните дождови, пренесува Танјуг.

Loading...

 

Пронајдени се телата на 22 патници и членoви на екипажот на авионот што се урна во Непал (ВИДЕО)

 

Центарот за урагани соопшти дека Агата може да донесе „екстремно опасна бура и ветрови опасни по живот“.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека невремето се очекува да донесе 250 до 400 милиметри дожд во делови од Оахака, заканувајќи се со поројни поплави и лизгање на земјиштето.