Пронајдени се телата на 22 патници и членoви на екипажот на авионот што се урна во Непал (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Непалските војници и спасувачи ги пронајдоа телата на 22 патници и член на екипажот на авионот што во неделата наутро се урна во планинската област на Непал, соопштија денеска претставници на државната агенција за цивилна авијација.

Loading...

„Спасувачите ги пронајдоа сите 22 тела од местото на несреќата“, изјави портпаролот на непалската цивилна авијација Део Чандра Лал Карна.

 

Јужна Осетија се токажа од референдумот за приклучување кон Русија

 

Непалските војници и спасувачи пронајдоа 21 тело во понеделникот, а останките на последната жртва беа пронајдени во вторникот наутро, соопшти Карна.

Двајца Германци, четворица Индијци и 16 Непалци загинаа во несреќата кога DHC-6-300 (De Havilland Canada) се урна 15 минути по полетувањето од туристичкиот град Похара, 125 километри западно од Катманду до популарната туристичка и аџилак Јомсом.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

 

Loading...

„Русија ќе најде други увозници за својата нафта“

 

Летот на таа релација трае околу дваесет минути.

Непалската влада формираше петчлена комисија за утврдување на причините за несреќата, јавува Ројтерс.