Расте бројот на жртви од временските непогоди во Бразил

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од поплавите и одроните предизвикани од обилните дождови во североисточниот дел на Бразил се искачи на 91, а повеќе од 20 лица се уште се водат како исчезнати, а стотици спасувачи трагаат по нив.

Loading...

Наместо најавената посета, претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, со хеликоптер ги прелета погодените области на главниот град на државата Пернамбуко, Ресифе и соседниот Јаботао дос Гуарапес. Тој објасни дека хеликоптерот не можел да слета во тој реон поради натопеното земјиште.

 

Пронајдени се телата на 22 патници и членoви на екипажот на авионот што се урна во Непал (ВИДЕО)

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Болсонаро изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Нашата главна цел е да ги утешиме семејствата и финансиски да му помогнеме на населението“, рече тој, пренесува Танјуг.

Повеќе од 3.900 луѓе ги загубија своите домови поради разорните дождови.

Loading...

 

Јужна Осетија се токажа од референдумот за приклучување кон Русија

 

Цивилната одбрана на Пернамбуко соопшти дека некои од смртните случаи биле предизвикани од лизгање на земјиштето во пошироката област на главниот град Ресифе, и ги повика жителите кои живеат во области со висок ризик да бараат засолниште.

Во самиот град Ресифе беа отворени училишта за раселените семејства, а во некои области во североисточниот дел на Бразил во текот на викендот падна повеќе дожд отколку што се очекуваше да падне во мај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

 

„Русија ќе најде други увозници за својата нафта“

 

Loading...

Екстремни дождови неколку пати го погодија Бразил во последните месеци, а во декември дождовите предизвикаа експлозија на две брани во државата Баија, при што загинаа десетици луѓе.