Упропастила речиси се: Се опила ноќта пред свадбата, фустанот го облеклa во болница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тиктокерика Рози го урнала стереотипот дека мажите се тие што можат да ја уништат свадбата поради алкохолот, несериозното однесување и доцнењето. Таа пиела со вереникот и пријателите ноќта пред нејзиниот голем ден, но за таа одлука се покајала следното утро кога се разбудила во болница.

Loading...

Гадење, повраќање и инфузии ја замениле шминката, уживањето со деверуши и средувањето. „Пиевме алкохол, не сфативме колку испивме“, рече таа.

“Не можев да престанам да повраќам и пропаднаа сите планови за шминкање и дотерување. Лекарот рече дека ќе треба да ја одложам свадбата бидејќи бев ужасно дехидрирана и ми треба инфузија, реков дека имам 45 минути за тоа и морам да одам. Сестра ми ја облече венчаницата во болница, јас се шминкав во автомобилот и побрзав кон црквата. Пристигнавме точно на време кога некој ни даде букети и не турка кон олтарот. ”

Иако почетокот на венчавката и бил како ноќна мора, невестата успеала да се вразуми и венчавката поминала доста добро, пренесува The Sun.

 

@rosieposie711

But we still get compliments about how awesome our wedding was 😂#fyp #wedding #disaster #weddingfail

♬ original sound – Sarah Cothran