Унгарија ќе подига втора ограда на границата со Србија

Сподели со своите пријатели

Унгарската влада планира да гради нова ограда на границата со Србија на пролет поради ризик дека поголем број мигранти би можеле да се обидат да влезат во земјата, велат тамошните власти.

Јанош Лазар, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека подигањето на втората ограда ќе започне кога тоа ќе го дозволат временските услови.

Тој додава дека владата ќе потроши околу 38 милијарди форунти (103,7 милиони долари) за изградба на новата ограта и поставување на контејнери во транзитните зони со Србија.

Барателите на азил ќе мора да почекаат додека нивните барања за заштита во Унгарија се процесираат.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.