Унгарија ја повикува Украина да не ги ограничува правата на унгарското малцинство

Сподели со своите пријатели

Унгарската влада ги повикува парламентот, владата и претседателот на Украина „да престанат да ги ограничуваат правата на унгарското малцинство“ и да ги вратат на своите членови правата што претходно ги уживаа, изјави Тамаш Менчер, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Унгарија.

Loading...

Тој ја повика Европската унија да го стави ова прашање на својата агенда и да „преземе значајни чекори“ со цел да ги врати правата на украинските Унгарци, пренесува МТИ.

Зборувајќи за промената на законот за образование, јазик и малцинства во Украина, Менчер рече дека мерките се целосно спротивни на билатералните и меѓународните договори потпишани од Украина, како и на сите европски вредности, пренесува Танјуг.