Улицата „Прохор Пчински“ доби нов бекатон (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Жителите од улицата „Прохор Пчински“ во близина на Соборниот храм „Свети Николе“ од денеска ќе чекорат по нова бекатонирана улица, која беше дел од проектот за реконструкција и асфалтирање, односно бекатонирање на повеќе улици низ градот.

 

Loading...

 

Денес градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски се сретна со жителите од овој дел на градот и официјално заедно со претставници од локалната самоуправа ја пушти во употреба улицата.

Големината на улицата е околу 460 квадратени метри, во должина од 140 метри, а со оглед на цената од 1.000 денари по метар квадратен, во која спаѓаат ископите, подлогата и бекатонот, целокупната вредност на зафатот е околу 460 илјади денари.

Тоа е во рамките на тековно одржување на постоечката инфраструктура. Продолжуваме со таа програма, сега се селиме на улиците „6ти Април“ и „30ти Јули“. Од таму имаме исто една тековно одржување на асфалтна инфраструктура, бекатонска инфраструктура и потоа во Бабин Дол. Така да оној дел кој го зацртавме во развојната програма оваа година се надевам доа вгуст месец и на средината ќе биде завршена со што ќе ја затвориме оваа развојна програма со можност од есенските месеци да имаме нова програма за тековно одржување – изјави Дамјановски.

Како што додава Дамјановски со оглед дека базените се во завршна фаза наскоро ќе имаме и повеќе финансиски средства кои ќе се користат за решавање на вакви инфраструктурни проблеми.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”400″ height=”650″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.