Улицата „Братство и единство“ во Куманово ќе добие атмосферска канализација

Сподели со своите пријатели

Улицата „Братство и единство“ во Куманово ќе добие атмосферска канализација.

Loading...

Изградбата ќе се спроведува преку програма за прекугранична соработка, информираа, денеска од општина Куманово.

 

 

Договорот денеска го потпишаа јавното претпријатие „Водовод“ и фирмата изведувач.

– Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска присуствуваше на потпишувањето на Договор помеѓу ЈП „Водовод“-Куманово и фирмата изведувач „Жикол ДООЕЛ“-Струмица, за изградба на атмосферска канализација на ул. „Братство единство“. Активноста е дел од проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки од прекугранична област“.

 

Loading...

 

Овој проект се имплементира во партнерство со регионалната компанија Хидроморава-Гњилане, финансиран од ЕУ во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу РСМ и Косово, со учество на општина Куманово-информираа од општината.

Leave a Reply