Украинските власти најавија посета на тим од МААЕ на Запорожје следната недела

Сподели со своите пријатели

Украинските власти најавија посета на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ) на нуклеарната централа Запорожје следната недела, откако нуклеарната централа беше привремено исклучена од украинската мрежа и беше забележано повеќе гранатирање во областа во текот на ноќта.

Loading...

Оштетувањето од пожарот во далноводот во најголемата европска нуклеарна централа предизвика исклучување на последните два реактори, а стравувањата од нуклеарна катастрофа се зголемуваат во земјата, која беше погодена од нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.

Лана Зеркал, советничка на украинскиот министер за енергетика, денеска за украинските медиуми изјави дека се работи на логистички прашања со цел тимот на МААЕ да дојде во Запорожје.

Зеркал ја обвини Русија дека се обидува да ја саботира посетата.

Украина тврди дека Русија складира оружје во фабриката и дека напаѓа од околината, додека Москва ја обвинува Украина дека непромислено пукала во објектот.

Нуклеарната централа беше окупирана од руски сили, но со неа управуваат украински работници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.