Украинските сили навлегоа на неколку места во Херсон

Сподели со своите пријатели

Постепеното повлекување на руските војници нагло се забрза на 9 ноември, кога објави дека целосно се повлекува од десниот брег на реката Днепар, на кој се наоѓа градот Херсон, пренесува Киев Индипендент.

Loading...

Командантот на руските сили во Украина Сергеј Суровикин му препорача на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ги повлече сите свои сили од десниот брег на Днепар.

– Да се ​​задржат руските сили на десниот брег на реката би било залудно. Така, ќе ослободиме ресурси за нови активности, како што се планираните офанзивни операции во различни насоки – рече Суровикин во телевизиски разговор со Шојгу.

Според извештајот од местото на настанот, украинските сили веќе влегле во неколку населени области на патот кон Херсон, вклучувајќи го и стратешки важниот град Снигуривка.

Херсон, кој пред војната имаше 290.000 жители, беше окупиран на 2 март и сè уште е единствениот главен град на украинскиот регион што Русите успеаја да го заземат од почетокот на војната.

Регионот Херсон е еден од четирите региони кои Русите на 30 септември рекоа дека ги припоиле. Загубата на овој регион би била погубна за воените цели на Русија.

Моментално се достапни многу малку информации за руското повлекување и неговиот обем.

Ниту украинскиот Генералштаб, ниту кој било друг претставник на војската официјално не одговориле на руската објава.

Loading...

Украинскиот Генералштаб на редовниот вечерен брифинг извести за случувањата во други области, но ги испушти сите детали за Херсоновиот фронт.

Во првиот официјален одговор на украинските сили, Михаил Подољак, советник на претседателот на Украина, рече дека руските зборови не треба да се земаат здраво за готово.

– Нема смисла да се зборува за руско повлекување додека украинското знаме не се вее над Херсон – рече Подољак.

Оваа најава уследи по долгоочекуваното повлекување на Русија од Херсон и околните области. Украина најави контраофанзива во овој град на 29 август.

Иако на почетокот на октомври ги врати областите северно од градот, украинската контраофанзива засега нема големи успеси во непосредна близина на градот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.