Украинската нуклеарна агенција тврди дека Русија го уценува целиот свет

Сподели со своите пријатели

Украинската нуклеарна агенција Енергоатом објави дека Русите го „уценуваат целиот свет“ заканувајќи се дека ќе ја кренат во воздух електраната во Запорожје.

Loading...

Енергоатом објави на Телеграм дека шефот на руските сили за радијациона одбрана, генерал-мајор Валериј Василиев, рекол дека „ќе има или руска земја или изгорена пустина“, пренесува Би-би-си.

„Ги миниравме сите важни објекти на нуклеарната централа Запорожје“, рече Васиљев, пренесе Танјуг, иако Би-Би-Си не ги потврди овие тврдења.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.