Украинците во Камбоџа заврушија обука за отстранување мини

Сподели со своите пријатели

Група од 15 украински деминери денеска ја завршија седумдневната обука во Камбоџа, каде експертите кои ги расчистуваат минските полиња во една од најексплозивно загадените земји во светот го споделија своето знаење со новодојденците во опасниот бизнис.

Loading...

Камбоџа сè уште е преполна со нагазни мини од тридецениската војна и внатрешниот конфликт што заврши во 1998 година, додека Украина се соочи со руска инвазија на нејзината територија пред една година.

Украинскиот деминер им кажал на новинарите дека неговиот тим е благодарен за тренингот, нагласувајќи дека во неговата земја „има многу тешка ситуација“ бидејќи 64 деминери се веќе повредени, а 13 загинале на должност.

Во својот извештај за 2022 година, невладината организација Landmine Monitor ги наведе Камбоџа и Украина меѓу деветте земји со „масовна“ контаминација од мини, што значи дека тие имале повеќе од 100 квадратни километри неисчистени полиња.

Украинскиот деминер рече дека главниот предизвик за сите негови колеги е огромниот обем на работа, но дека е клучно да се осигура дека сите мини ќе бидат отстранети пред луѓето да се вратат во селата и фармите.

Камбоџанските деминери се меѓу најискусните во светот, а неколку илјади од нив беа испратени во изминатата деценија да работат во Африка и на Блискиот Исток под покровителство на Обединетите нации.

Тим Украинци беше на различни локации во текот на изминатата недела учејќи да користат напреден јапонски детектор за мини

Група деминери утре ќе се вратат во Украина, каде што ќе ја продолжат обуката со редовни видео конференции, а тим од три до пет камбоџански експерти ќе отпатува во Полска во април за да обучат нови групи Украинци за таа работа.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.