Украинците влегоа во стратешки важен град на истокот на земјата

Сподели со своите пријатели

Украинските воени сили се закануваат на руската контрола над градот Купјанск и дека неговото заземање би било голем удар за Русија бидејќи градот се наоѓа на руските рути за снабдување на боиштата во Донбас, објави утринава британското воено разузнавање.

Loading...

Белорускиот медиум Nexta на Твитер објави фотографија на која украински војници со украинското знаме во рацете позираат пред административниот центар во Купјанск.

 

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето дневно видео обраќање синоќа објави дека украинските сили зазеле повеќе од 30 градови и села во источна Украина во областа Харков.

– Постепено ја преземаме контролата врз новите населени места. Секаде го враќаме украинското знаме и заштита на нашиот народ – рече тој.

Тој посочи дека продолжуваат „жестоките борби“ во регионот на Донбас на истокот на Украина, како и на југот на земјата.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.