Украинците уништија руски траект полн со гориво. Русите ги прекинаа линиите со Крим

Сподели со своите пријатели

Русија денеска го прекина превозот со траект меѓу југот на земјата и Крим, откако ферибот натоварен со гориво беше погоден од украински напад претходниот ден, соопшти руското Министерство за транспорт.

Loading...

Украинската морнарица денеска потврди дека уништила ферибот со гориво во руското пристаниште Кавказ, во јужниот регион Краснодар.

Пристаништето Кавказ е едно од најголемите на Црното Море и се користи за испорака на гориво и оружје на Крим, украинскиот полуостров што Русија го освои и анектираше во 2014 година.

 

 

Руското Министерство наведува дека се работи за привремен прекин на траектниот сообраќај кон Крим поради санација и чистење на теренот, а во меѓувреме ќе се користи алтернативна копнена рута за снабдување на полуостровот.

Агенцијата РИА јавува дека пожарот што следел во пристаништето по уништувањето на траектот не ја повредил пристанишната инфраструктура, но дека погодениот траект е „половина потопен“.

Loading...

Фериботот превезувал 30 вагони натоварени со гориво, изјави Фјодор Бабенков, градоначалник на градот Темрјук, кој го вклучува и споменатото пристаниште.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека по нападот се спасени 17 лица, а едно лице се води како исчезнато.