Украина ги објави најновите проценки за руските загуби во инвазијата.
Тие наведуваат дека во војната биле убиени 19.500 руски војници и дека биле уништени 1923 оклопни транспортери.
Започнува истрагата за воени злосторства: Француски истражители пристигнаа во Украина
Меѓу останатата уништена руска воена опрема има 137 хеликоптери, 725 тенкови и 154 авиони, тврдат Украинците. Треба да се напомене дека овие бројки не се независно потврдени.
Русија минатиот месец објави дека изгубила 1.351 војници, а НАТО проценува дека до 15.000 руски војници се убиени во Украина од почетокот на инвазијата.
Започнува истрагата за воени злосторства: Француски истражители пристигнаа во Украина
Во интервју за Sky News минатата недела, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ги призна „значајните загуби“ на руските сили во Украина, додавајќи дека тоа е „огромна трагедија“ за Русија.