Украинците тврдат дека преку ноќ уништиле 10 руски тенкови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Специјалната единица на украинската армија „Бели волци“ тврди дека за една ноќ уништила дури 10 руски тенкови.

Loading...

Украинската безбедносна служба СБУ објави видео на кое тие дејства се прикажани од птичја перспектива.

„Девет или десет? ДЕСЕТ! Толку руски тенкови беа уништени од нашата специјална единица „Бели волци“ за само една ноќ!“, објави СБУ на својот канал Телеграм со видеото.

Според извештаите, оклопен транспортер бил погоден и во регионот на Доњецк.

Снимката не е независно проверена, а не е објавена точната локација на нападот.

Претходно беше објавено дека е уништена „гордоста на руската армија“, тенкот Т-90.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашенко, објави дека Националната гарда на Украина „ја следи и ја уништува гордоста на руската одбранбена индустрија – тенкот Т-90“.

Русија не ги коментираше овие наводи.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.