Украинците се поблиску до границите на самопрогласената ЛНР

Сподели со своите пријатели

Линијата на фронтот во источна Украина се приближува до границите на територијата за која претендира сепаратистичката Луганската Народна Република (ЛНР), изјави во средата за новинската агенција ТАСС висок воен командант на ЛПР.

Loading...

Руските сили ја презедоа контролата врз целиот ЛНР, кој е еден од двата региони што го сочинуваат источниот украински регион Донбас.

Кога руските сили за првпат влегоа во Украина на 24 февруари, си поставија цел да го заземат целиот Донбас.

Сепак, брзата контраофанзива на Украина која започна минатата недела ја поттикна Русија да се повлече, така што новиот фронт е се поблиску и поблиску до самопрогласените граници на ЛНР, изјави во средата командантот Андреј Марочко.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.