Украинците пронашле руски шпион меѓу своите војници

Сподели со своите пријатели

Руски шпион кој се преправил дека е обучувач на украински војници бил уапсен откако бил откриен неговиот план да и пренесе информации на Москва.

Loading...

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека мажот бил уапсен во Миколаив, јужна Украина, откако било откриено дека собирал разузнавачки информации за Русија, пишува Sky News.

Тие тврдат дека шпионот имал задача да пренесе информации за распоредувањето на украинските одбранбени сили и локациите на базите со оружје и муниција што Русија би ги таргетирала во ракетните напади.

Контраразузнавачите го разоткриле рускиот агент пред тој да пренесе каква било информација.

„Предавникот самоиницијативно се појавил во ФСБ (Руската служба за безбедност) и ја понуди својата помош во војната против Украина“, објави Службата за безбедност на Украина во објава на Телеграма.

При претресот на куќата на шпионот бил пронајден мобилен телефон со кореспонденција со Русија, како и оружје и муниција, кои биле испратени на вештачење.

Тој е приведен и обвинет за предавство извршено за време на воена состојба.

„Во тек е предистражна истрага за да се идентификуваат сите лица вклучени во непријателските разузнавачки и субверзивни активности“, додаде украинската безбедносна служба.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.