Украинците ќе го добијат ПВО „Патриот“: САД ги финализираат плановите!

Сподели со своите пријатели

САД ги финализираат плановите за испраќање на ракетниот одбранбен систем Патриот во Украина.

Loading...

Конечната одлука би можела да биде објавена веќе оваа недела, потврдија неколку американски претставници.

Планот за испраќање „Патриот“ во Украина се уште чека одобрение од американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, а потоа ќе оди на потпис кај американскиот претседател Џо Бајден.

И двајцата се очекува да го одобрат распоредувањето, изјавија тројца американски претставници за Си-Ен-Ен.

Откако планот ќе биде одобрен, ракетите „Патриот“ ќе бидат испратени во Украина, а Украинците ќе бидат обучени да ги користат во американската воена база во Графенвор, Германија, соопштија официјални лица.

Сè уште не е познато колку лансери „Патриот“ ќе бидат испратени во Украина, но системот „Патриот“ обично вклучува радар за откривање и следење цели, компјутери, опрема за производство на електрична енергија, систем за контрола и до осум фрлачи, секој способен да истрела четири проектили.

Одбранбениот систем Патриот се смета за еден од најдобрите системи за ракетна одбрана со долг дострел против влезните балистички и крстаречки ракети.

Тоа е систем кој може да собори руски ракети и авиони далеку од целите што Русите се обидуваат да ги погодат во Украина, наведува Си-Ен-Ен.

Loading...

Американските власти посочуваат дека тоа ќе биде најнапредниот систем за ракетна одбрана со долг дострел испратен во Украина досега, што ќе помогне и да се обезбеди воздушниот простор над членките на НАТО во Источна Европа, пишува Си-Ен-Ен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.