Украинците ја преминаа реката Днепар недалеку од Херсон

Сподели со своите пријатели

Украинската армија зазеде позиции на источната страна на клучната река Днепар недалеку од градот Херсон, се вели во извештајот на Американскиот институт за проучување на војната.

Loading...

Ова ќе обезбеди премин на украинските сили за време на претстојната пролетна офанзива.

Институтот наведува дека доказите за напредувањето на украинските сили биле објавени од руски воени блогери.

Руската страна е потеклото на ваквите извештаи, а официјален Киев сѐ уште не се огласил.

Руската агресија врз Украина беше клучна тема и на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ.

Гутереш му испрати писмо на Путин за продолжување на договорот за извоз на украинско жито

– Знаеме дека на Украина итно ѝ треба муниција и проектили, а и се потребни за да ја одбрани својата територија. Не е дека Русија не сака да ја прекине војната, ниту Украина. Тоа е погрешно гледање на ситуацијата. Русија не сака да ја запре инвазијата, а Украина мора да продолжи да се брани, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...