Украинците гинат дури и кога се обидуваат да ги загреат своите домови

Сподели со своите пријатели

Украинската државна служба за вонредни состојби во средата соопшти дека девет лица загинале во пожари во изминатите 24 часа, бидејќи луѓето ги прекршиле безбедносните правила обидувајќи се да ги загреат своите домови по руските напади врз енергетските објекти.

Loading...

Зголемен е бројот на пожари, додека Украинците се повеќе прибегнуваат кон користење генератори за итни случаи, свеќи и плински боци во своите домови поради прекини на струја.

„Само во изминатиот ден во Украина се регистрирани 131 пожар, од кои 106 избувнаа во станбениот сектор. Девет лица загинаа, а осум се повредени“, се вели во соопштението на службата.

„Генератори на балкони, плински боци во станови, палење свеќи. Поради прекршување на безбедносните правила, зачестија употреба на неодобрени производи за греење и готвење, инциденти со пожари и експлозии во катни и приватни згради“, додаваат од службата.

Во соопштението се бара од Украинците да посветат поголемо внимание на своите домови и да им објаснат на децата ризиците од пожар.

Украина сè уште се бори да ја врати целосната моќност во текот на неделата откако руските ракетни напади ги оштетија енергетските капацитети низ целата земја.

Националниот оператор за електрична енергија, Укренегро, соопшти дека дефицитот на електрична енергија е малку намален од 30 отсто во вторникот наутро на 27 отсто во средата наутро.

Потрошувачката на струја се зголемува како што наближува зимата. Метеоролозите прогнозираат дека температурата во главниот град Киев во наредните денови ќе се спушти до -6 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.