Украина: Во текот на ноќта соборени 13 дронови лансирани од Русија

Сподели со своите пријатели

Украинските власти соопштија дека собориле 13 експлозивни дронови од иранско производство од вкупно 15 лансирани од Русија во текот на ноќта.

Loading...

„Руските напаѓачи ја нападнаа Украина со тимски дронови Шахед-131/136 од север“, соопштија од украинските воздухопловни сили.

Вкупно евидентирани се 15 лансирање дронови, а уништени се 13 „Шахеда“.

Според воената администрација на Киев, дронови биле лансирани во главниот град на Украина, но сите биле соборени и немало жртви или материјална штета.

Властите додадоа дека испораката на западни системи за противвоздушна одбрана и помогна на Украина поефикасно да се спротивстави на тие закани во последните недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.