Украина: Во Белорусија има 15.000 руски војници, но знаеме зошто нема да нападнат

Сподели со своите пријатели

Надојдените реки, густата кал и затрупаните полиња можеа да се видат со километри долж границата на северозападна Украина со Белорусија во четвртокот, што ја прави веројатноста за руски напад од другата страна на границата засега неверојатна и покрај неодамнешните предупредувања од Киев.

Loading...

Украинските власти предупредија на опасност од нова руска офанзива, притоа посочувајќи дека една од можните насоки на напад би можела да биде од Белорусија.

Украинската армија проценува дека во Белорусија има 15 илјади руски војници, додека воените аналитичари сметаат дека таму има 10-12 илјади.

Русија и нејзиниот близок сојузник Белорусија го зајакнаа своето заедничко воено присуство во Белорусија и планираат да започнат воздушни вежби во понеделник.

Во позадина, густите погранични шуми и опасните мочуришта се чувани од територијалната одбранбена бригада на Волинија.

Тоа е една од стотиците украински единици составени од локално население подготвено да ги брани своите заедници.

Војниците и офицерите од единицата изјавија за Ројтерс дека невообичаено благата зима им дава значителна тактичка предност.

„На сопствената земја, сè ќе ви помогне да ја одбраните – пејзажот, многу реки што се излеаа од коритата оваа година“, рече Виктор Рокун, еден од замениците команданти на бригадата.

Loading...

Портпаролот на единицата Серхиј Хомински рече дека помошта да се направи теренот непрооден, доаѓа и од чуден сојузник: локалната популација на дабари.

„Кога ги градат браните, луѓето обично ги уриваат, но оваа година тоа не беше поради војната, па сега има вода насекаде“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот предупреди дека Русија „собира сили за нова ескалација“ на речиси 11-месечната војна меѓу двете земји.

Неуспешната руска офанзива кон Киев на почетокот на инвазијата беше започната од Белорусија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.