Украина: Уништени 10 од 17 лансирани руски дронови

Сподели со своите пријатели

Украинските сили уништија 10 од 17 дронови со кои Русија синоќа ја нападна Украина, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Loading...

Покрај беспилотните летала Шахед, Русија лансираше и шест противвоздушни наведувани ракети С-300, кои гаѓаа цивилни цели во регионите Доњецк и Керсон, пренесува украинската агенција Униан.

Нападот траел неколку часа, јавува Танјуг.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби