Украина тврди дека направила територијален напредок во Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украинската војска во четвртокот соопшти дека постигнала нови територијални придобивки во тешките борби околу источниот град Бахмут, и покрај тоа руските сили се побројни.

Loading...

Минатата недела Киев соопшти дека го засилил притисокот врз руските војници северно и јужно од Бахмут.

Руските платенички сили од Вагнер групата велат дека се придвижиле напред во градот, каде што украинската војска признала дека направила мал напредок.

– И покрај тоа што нашите единици немаат предност во опрема и жива сила, тие продолжија да напредуваат на (руските) крила, и поминаа растојание од 150 до 1.700 метри – изјави воениот портпарол Сергеј Череваџи во телевизиските коментари.

Тој не прецизираше во кој период е остварен напредокот.

Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди ситуацијата на бојното поле.

Москва го гледа Бахмут, град со околу 70.000 жители пред руската инвазија пред речиси 15 месеци, како отскочна штица за освојување на остатокот од источниот регион Донбас.

Украинските власти сигнализираа дека напредувањето околу Бахмут не е дел од пошироката контраофанзива што Киев планира да ја возврати против руските сили.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.