Украина: Руската евакуација на Херсон е пропагандно шоу

Сподели со своите пријатели

Висок украински функционер ја обвини Русија за организирање „пропагандно шоу“ во окупираниот украински град Херсон, откако проруските лидери во регионот објавија дека се подготвуваат да го одбранат градот од неминовен украински напад и ги повикаа цивилите да бегаат.

Loading...

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, негираше дека украинските сили го гранатирале окупираниот град.

„Русите се обидуваат да ги исплашат жителите на Херсон со лажни извештаи за гранатирање на градот и организираат пропагандно шоу со евакуација“, најави Јермак, додавајќи дека „пропагандата нема да успее“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина