Украина: Русите утрово употребија стратешки бомбардери

Сподели со своите пријатели

Покрај Киев и Харков, руски ракетни напади утринава се регистрирани и во централниот регион Виница, Дњепропетровск и Запорожје на истокот на земјата и Лавов на крајниот запад.

Loading...

Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили, изјави дека руските сили користеле стратешки бомбардери за нападите утринава.

„Руските губитници продолжуваат да водат војна против цивилни објекти“, напиша Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, на апликацијата за пораки Телеграм.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина