Украина: Русите го обновуваат театарот во Мариупол, сакаат да прикријат воено злосторство

Сподели со своите пријатели

Руски сили реновираат театар во Мариупол за да ги прикријат воените злосторства, изјави советник на градоначалникот на градот.

Loading...

Петро Андриушченко рече дека Русите го обновуваат театарот под маската на реконструкција поради неговата историска вредност.

„Окупаторите го кријат своето воено злосторство“

„Окупаторите го кријат своето воено злосторство. Тие брзаат да ги прикријат сите траги и докази со „реконструкција“. И сето тоа под превезот на „историска вредност““, рече Андриушченко, а пренесува „Гардијан“.

„Единствената историска вредност што ја создадоа беше тоа што фрлија две бомби. И токму оваа историска вредност сега се обидуваат да ја сокријат окупаторите“, додаде тој.

Руските сили го нападнаа театарот уште во март, убивајќи околу 300 луѓе кои се криеле таму од нападот.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...