Украина: Русите бомбардираа хотел во кој се одржува детски камп (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчера две лица загинаа, а неколку беа ранети во гранатирањето на регионите Харков и Запорожје, соопштија локалните украински власти.

Loading...

Во нападот на хотелот во Запорожје најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и четири деца, изјави Јуриј Малашко, шеф на регионалната воена администрација.

Меѓу повредените деца има и тригодишно девојче. Едно лице е убиено во нападот, соопштија властите.

Во областа Харков, по руското гранатирање на селото, една жена загина, а двајца мажи се повредени, изјави Олех Синијехубов, шеф на воената управа на регионот Харков.

 

 

Во хотелот се одржал детски камп

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во хотелот што вчера го ракетираа руските сили се одржал детски камп, односно работилници, а активностите на дневниот камп завршиле околу еден час пред нападот, пишува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Тие беа насочени кон деца. Во хотелот „Реикарц“ во Запорожје, кој беше цел на руските терористи, се одржа дневен камп за деца на возраст од 6 до 13 години. Кампот е отворен до 18 часот секој ден, а нападот е извршен во 19 часот. Едно лице загина, а 16 од нив се ранети“, соопшти вчера Министерството. Хотелот често го користеа и персоналот на ОН и членовите на други хуманитарни организации.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.