Украина: Русија планира нуклеарната централа да ја насочи кон Крим

Сподели со своите пријатели

Руските сили кои ја окупираат нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина се подготвуваат да ја спојат со Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и намерно го оштетуваат за да го пренасочат производството на електрична енергија, предупреди украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом.

Loading...

Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, а Русија ја окупираше на почетокот на инвазијата на Украина.

„Планираат да ги оштетат сите линии од нуклеарната централа Запорожје“

Претседателот на Енергоатом, Петро Котин, изјави за новинската агенција Ројтерс дека Русија сака да ја поврзе централата со својата мрежа, технички тежок процес во кој централата се исклучува од украинскиот систем пред постепено да се приклучи на рускиот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

„Планираат да ги оштетат сите линии од нуклеарната централа Запорожје. После тоа нема да бидат поврзани со украинскиот електроенергетски систем“, рече Котин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.