Украина: Русија има голема предност во електронското војување

Сподели со своите пријатели

Русија има голема предност пред Киев во електронското војување, пред се во борбата со беспилотните летала, поради што офанзивата оди бавно, изјави за порталот „Страна.уа“ портпаролот на воздухопловните сили на Украина, Јуриј Игнат.

Loading...

„За жал, во тој дел тие се далеку пред нас. Дронот не треба да биде соборен со противвоздушни ракети или противвоздушни пушки. Можете едноставно да го принудите да слета со пресретнување со системи за електронско војување“, рече Игнат.

Како што додаде тој, „Русија денес има моќни системи кои се мешаат во работата на украинските одбранбени сили“, пренесува Спутник.

„Таа има доволно од тие системи. Украина постигна напредок во областа на електронското војување, но ние почнавме доцна, требаше порано да почнеме да ги развиваме тие системи“, посочи Игнат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.