Украина: Почна со работа привремениот црноморски хуманитарен коридор

Сподели со своите пријатели

Украинската морнарица соопшти дека новиот привремен црноморски „хуманитарен коридор“ започна со работа вчера и дека се очекува првите бродови да го користат за неколку дена.

Loading...

Портпаролот на украинската морнарица Олех Чалик изјави за Ројтерс дека коридорот ќе го користат комерцијални бродови за жито и земјоделски производи, кои се блокирани во пристаништата на Црното Море во Украина.

Посочи дека денеска почна со работа новиот привремен хуманитарен коридор.

– Коридорот ќе биде многу транспарентен, ќе поставиме камери на бродовите и ќе се покаже дека ова е чисто хуманитарна мисија и дека нема воена цел – рече Чалик.

Во посебна изјава, морнарицата наведе дека мините во Црното Море и воената закана на Русија претставуваат ризик.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.