Украина: Пет мртви на сто метри – Русите го минираа секој метар од фронтот

Сподели со своите пријатели

Украинската армија бавно напредува бидејќи остана без деминери.

Loading...

Како што пренесуваат украинските медиуми, Русите поставиле толку многу мини што практично секој квадратен метар од теренот низ кој треба да маршираат војниците под команда на Киев бил миниран.

– За еден месец напреднавме само еден и пол километар. Загубивме четири до пет луѓе на секои сто метри окупирана земја. Не вреди, објаснува еден украински војник, чии зборови ги пренесе „Киевска пост“.

Според него, никој во Украина не очекувал дека Русите толку добро ќе се подготват за одбрана.

Ги минирале сите приоди до нивните позиции и доколку бидат принудени да ги напуштат, активираат мини кои предизвикуваат големи жртви на напаѓачите.

Поради мртвите и ранетите кои треба да се евакуираат, нападот престанува и Русите тоа обично го користат за контранапад.

И така секој ден два месеци, преку фронтот кој се протега на стотици километри.

– Напредуваме со полжавско темпо. Командата е нервозна поради тоа, но војниците се исцрпени и деморализирани. Русите се добро вкопани и имаат артилериска поддршка и се во многу подобра позиција. Се трошиме и тие во еден момент можат да тргнат во контранапад. Никој нема да ги задржи, вели војник под команда на вооружените сили на Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.