Украина очекува Словачка да плати за транзитот на руската нафта

Сподели со своите пријатели

Украина најави дека протокот на нафта низ јужниот крак на гасоводот Дружба ќе продолжи и денеска доколку добие плаќање за транзитот од словачката рафинерија Словнафт.

Loading...

Ова го изјави Ричард Сулик, словачки министер за економија.

Сулик на прес-конференција, што се емитуваше во живо на телевизија, рече дека прекинот на протокот минатата недела се случил затоа што западна банка одбила да обработи трансакција за транзитна такса што Русија и ја платила на Украина, пренесува Ројтерс.

Во исто време, компанијата МОЛ објави дека протокот на нафта во Централна Европа преку гасоводот Дружба може да продолжи за неколку дена, бидејќи унгарската енергетска групација се обврза да ја плати транзитната такса за користење на украинскиот дел од гасоводот на во име на рускиот Транснефт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

„Со преземањето на таксата, МОЛ може да обезбеди брзо решение за проблемот: украинската страна се обврза да го продолжи транспортот на сурова нафта во рок од само неколку дена, кој беше суспендиран поради технички проблеми што се појавија на банкарската страна. Се вели во соопштението на МОЛ.

Руската компанија Танснефт во понеделникот објави дека украинскиот оператор Укртранснафта престанал да пумпа руска нафта за Унгарија, Чешка и Словачка преку јужниот крак на гасоводот Дружба, поради европските санкции кои ја спречуваат Украина да прима плаќања од Москва.

Унгарија, Словачка и Чешка имаат ограничена можност за увоз на нафта од алтернативни добавувачи по морски пат, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...