Украина очекува нови руски напади оваа недела

Сподели со своите пријатели

Украинските власти денеска изјавија дека очекуваат нов бран руски бомбардирања оваа недела.

Loading...

Претходните напади беа насочени кон клучната инфраструктура и предизвикаа огромни прекини на вода и електрична енергија, особено во главниот град Киев.

„Многу е веројатно почетокот на неделата да биде одбележан со таков напад“, изјави денеска портпаролката на Јужната команда на украинската армија Наталија Гуменјук, која истакна дека руски брод – носач на ракети се појавил во Црно Море.

„Тоа е ракетен носач кој носи осум ракети „Калибр“. Тоа значи дека подготовките се во тек“, изјави таа за украинската телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа на телевизија предупреди дека оваа недела може да биде тешка како и претходната, кога бомбардирањето предизвика големи штети и го прекина снабдувањето со електрична енергија, токму кога почнува зимската сезона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон

„Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Сите ние го разработуваме сценариото, вклучително и (западните) партнери“, додаде Зеленски и ги повика Украинците да се грижат за предупредувањата за воздушни напади.

Тој укажа на многу тешката ситуација на фронтот, особено во регионот на Доњецк, на исток, каде борбите се концентрирани откако руските сили се повлекоа од градот Керсон на југ.

Поради руските напади од минатата среда, милиони Украинци се без струја. Според украинскиот оператор Укренерго, денеска 27 отсто од домаќинствата немаат струја, а вонредни прекини има низ целата земја.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.