Украина: Ни требаат неколку стотици тенкови за да ја вратиме територијата

Сподели со своите пријатели

На Украина ѝ се потребни неколку стотици тенкови од нејзините западни сојузници за контраофанзива против руските сили за да ја врати окупираната територија, изјави во понеделник шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Loading...

„Ни требаат тенкови – не 10-20, туку неколку стотици“, напиша Јермак на апликацијата Телеграм.

„Нашата цел се границите од 1991 година и казнување на непријателите кои ќе платат за нивните злосторства.“

Киев се залага за испорака на тенкови, особено Леопард 2 од германско производство што го користат многу членки на НАТО, а за кој е потребно одобрение од Берлин за реекспорт во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Полскиот премиер во понеделникот изјави дека неговата влада ќе побара од Германија дозвола да испрати тенкови Леопард во Украина и дека планира да ги испрати без оглед на тоа дали Берлин се согласува.

Германската министерка за надворешни работи во неделата изјави дека Берлин нема да застане на патот доколку Полска сака да го стори тоа.

Според регистарот за оружје на ОН за 2019 година, Полска има 247 тенкови Леопард 2.

Русија окупираше дел од источна и јужна Украина, како и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Loading...

Суверените граници на Украина беа воспоставени во 1991 година, по распадот на Советскиот Сојуз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Киев го наведе повлекувањето на руските сили од целата своја територија како еден од главните услови за завршување на 11-месечната војна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.