Украина: Каде заглави транспортот на житарици?

Сподели со своите пријатели

Во Либан има недостиг на жито и леб. Дополнително, многу поскапе. Со недели луѓето чекаат во редици пред пекарата веќе неколку часа.

Loading...

Пакет од шест леба, пак, чини 13.000 либански фунти, и покрај субвенциите од владата. Тоа се приближно 8,50 евра.

На црниот пазар шест лепчиња чинат најмалку двојно повеќе. Цените сѐ уште растат, пишува ДВ.

Храна за животни

Како трошка надеж звучеше веста за првиот брод од Украина кој го „проби“ руско-украинскиот коридор и се упати во правец на Либан.

Но, непосредно пред да пристигне на одредиштето, во пристаништето во Триполи, товарниот брод „Разони“ со 26.000 тони пченка го смени правецот.

Купувачот повеќе не сакал да ја преземе пратката со оглед на тоа дека доцнела пет месеци, тоа беше официјалното објаснување.

Покрај тоа, на Либан сега му треба прво пченица, а не пченка, изјави за агенцијата ДПА претседателот на Конзорциумот за прехранбени производи, Хани Бушали.

Пратката со пченка првично требаше да биде преработена во добиточна храна. И така „Разони“ со денови лебдеше во Средоземното Море – додека не се најде нов купувач. Во Турција.

Loading...

Секако, пченката може да се користи и како човечка храна. Но, во многу земји, пченицата е најважната храна.

Кој одлучува за товарот?

Тогаш зошто пченката се товари на бродовите што ја напуштија Украина?

Во Координативниот центар на Обединетите нации за коридор за жито (JCC) во Истанбул, не сакаат да зборуваат за тоа.

Прашањето на ДВ не беше одговорено до објавувањето на овој напис. На веб-страницата на JCC се наведува: „Броднските компании сами одлучуваат за движењето на нивните бродови, врз основа на нивните деловни активности и нивните сопствени процедури.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Светската програма за храна на ОН купи само неколку пратки и товарот ќе биде доставен директно до луѓето гладуваат во светот.

Со преостанатите (засега) 12 товарни бродови што ја напуштија Украина, ЗКК не одлучува кој тип на жито кому ќе биде испорачан.

Претходните дестинации се во Турција, Велика Британија, Ирска или Јужна Кореја.

– Станува збор за комерцијални трансакции – ја објасни процедурата на брифинг портпаролот на ОН Стефан Дујарик.

Loading...

Бродовите „се под договор“, како дел од трговското работење, вели тој и додава дека „сосема е нормално бродовите да пловат таму каде што е предвидено во договорот“.

Бавен извоз на жито

Дванаесет бродови ја напуштија Украина – земја во која се проценува дека сè уште се складирани околу 22 милиони тони жито.

Извозот на жито напредува бавно и има неколку причини за тоа.

Украинските пристаништа моментално не работат со полн капацитет, моментално има само дел од поранешниот предвоен капацитет.

По влегувањето во Црното Море, бродовите се проверуваат во Истанбул – за случајно да не пренесат оружје.

А по заминувањето се проверува дали можеби превезуваат украдено жито. Ова се контроли кои бараат време.

Покрај тоа, не е јасно дали воопшто може да се пуштат во оптек доволно бродови.

Многу осигурителни компании не сакаат да го осигураат транспортот што се движи низ кризното подрачје. Поморските компании што работеа на Црното Море се префрлија на други линии.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската министерка ја поддржа одлуката на Бајден Украина да ја нападне Русија

И тоа е една од причините зошто само дел од достапното, складирано жито може да се извезе од Украина во моментов.

Руски воен плен?

Не треба да го заборавиме спорот за житото наводно украдено од Русите.

Во Триполи пред неколку дена беше запрен товарен брод кој пловел под сириско знаме.

„Лаодикеја“, според обвинението на украинската амбасада во Бејрут, била натоварена со 10.000 тони украдено украинско жито.

Судејќи според официјалните документи, бродот пристигнал од „Порт Кавказ“, руско пристаниште кај портата Керч.

Бидејќи пристаништето не е во воена зона, сите бродови кои пристигнуваат од таму не подлежат на контрола на Координативната канцеларија на ОН од Истанбул.

Loading...

Сепак, како што пренесува Ројтерс, во пристаништето Кавказ можат да се закотват само бродови со максимален провев од пет метри.

Украинската амбасада на властите во Бејрут им достави сателитски снимки кои, како што се тврди, треба да докажат дека товарниот брод влегол празен во пристаништето Феодосија на Крим, а потоа заминал со тежок товар.

Украинската амбасада претпоставува дека вака се транспортирало жито надвор од земјата од областа на југот на Украина окупирана од Русите – на ист став е и познатиот турски експерт за безбедност Јорук Ишик од Истанбулскиот институт за Блискиот Исток.

Изолиран случај?

Врз основа на истражувањето направено од весникот „Фајненшл тајмс“ (ФТ) во случајот со бродот „Лаодикеја“ не станува збор за изолиран пример, туку за очигледно утврден модел на однесување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ќе започне со испорака на 4.000 дронови со вештачка интелигенција во Украина од декември

Врз основа на сателитски снимки, ФТ веќе во мај идентификуваше најмалку осум бродови кои не беа натоварени со жито во Русија, туку во пристаништето Севастопол на Крим, кое е под санкции.

Loading...

Судејќи според она што е напишано во официјалните весници, од почетокот на војната во Украина од пристаништето Кавказ пристигнуваат значително повеќе бродови отколку порано.

И која е вистинската рута на движење на тие бродови?

Ова не може секогаш да се разбере од документацијата.

Меѓународните товарни транспортери се всушност обврзани постојано да ја „откриваат“ својата позиција преку транспондер.

Во случајот со руските товарни бродови во Црното Море, овие транспондери беа видливо често исклучени.

Можно е, пишува ФТ, тие бродови да натовариле некое легално руско жито во пристаништето Кавказ, а потоа да го измешале со украдено украинско жито во пристаништата на Крим.

Loading...

Во тој случај, како што се тврди, на експертите им е многу тешко да откријат дали во некоја пратка има и жито украдено од украинските фарми.

Руските пратки со жито често се наменети за пристаништата на Блискиот Исток. Меѓу купувачите се Иран, Египет и Либија.

Житариците се толку потребни таму што властите обично не поставуваат многу прашања за потеклото на стоката. Главниот клиент е Дамаск.

Најмалку 90.000 тони жито пристигнаа во Сирија од почетокот на војната во Украина.

Сирискиот владетел Башар ал Асад е близок сојузник на Владимир Путин, пренесува Аваз.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...