Украина: Имаме делумни успеси на југоисток и исток

Сподели со своите пријатели

Војската на Украина објави „делумен успех“ во борбите на југоисток и исток, каде што нејзините војници продолжуваат со офанзивните операции.

Loading...

„Ги зајакнуваме позициите до кои стигнавме по нападот кон југоисточните села Ривнопил и Старомајорске“, изјави Андриј Ковалев, портпарол на Главниот штаб на украинските вооружени сили.

Споменатите две села се наоѓаат во регионот на Доњецк, во близина на голем број мали населби кои беа повторно заземени од Украина на почетокот на овој месец.

Ковалев додаде дека украинските војници напредуваат и кон градовите Билохоривка и Диброва на исток, пишува The Guardian.

„Особено тешките борби продолжуваат во правец на Лиман во областите северозападно од Диброва, во близина на Серебријанск и северно од Хрхоривка во регионот Доњецк“, рече Ковалев, наведувајќи дека украинската армија се спротивставила на руските напади во областите Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.