Украина е во мрак, а Зеленски најавува добри вести од фронтот

Сподели со своите пријатели

Украинските трупи се држат против континуираните напади на руските сили во два источни града, додека армијата на јужниот фронт е подготвена да се бори за стратегискиот регион Херсон, кој Русија го зајакнува, наведува Ројтерс.

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата навечер дека ќе има добри вести од фронтот, но не даде повеќе детали, додаде британската новинска агенција.

Зеленски не кажа што се случува во Херсон на југ, каде официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека ќе се случи една од најважните битки.

Најжестоките борби во источна Украина се водат во Адивика, пред Доњецк и во близина на Бахмут, додаде Зеленски.

„Тука најдобро може да се види лудилото на руската воена команда. Ден по ден, месец по месец, тераат луѓе да гинат таму, извршувајќи ги најголемите артилериски напади“, рече Зеленски.

Ројтерс додава дека руските сили неколку пати се обиделе да го освојат Бахмут, кој е на главниот пат кон украинските градови Славјанск и Краматорск, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.