Украина досега извезла 16,2 милиони тони жито

Сподели со своите пријатели

Украина досега извезла близу 16,2 милиони тони жито во периодот 2022/23, што е за 31,7 отсто помалку од 23,8 милиони тони извезени во истата фаза од претходната сезона, покажаа денеска податоците на Министерството за земјоделство.

Loading...

Извозот вклучува речиси 6,3 милиони тони пченица, 8,6 милиони тони пченка и 1,3 милиони тони јачмен, објави Ројтерс.

По речиси шестмесечна блокада предизвикана од конфликтот во Украина, на крајот на јули беа деблокирани три украински пристаништа на Црното Море, во согласност со договорот меѓу Москва и Киев, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција.

Податоците на Министерството покажуваат дека во првите 20 дена од ноември се извезени три милиони тони разновидни житарки што е за 29,7 отсто помалку во однос на истиот период во ноември лани.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.