Украина добива артилериски гранати од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ се согласија во Брисел да ѝ обезбедат на Украина артилериски гранати во вредност од две милијарди евра врз основа на договор кој ќе вклучува заедничко купување муниција во ЕУ, а САД доделија 350 милиони долари нова воена помош за Украина.

Loading...

Иницијативата на ЕУ има за цел да ѝ обезбеди на Украина еден милион гранати во следните 12 месеци, додека американската помош вклучува голема количина муниција за различни системи за оружје.

„Русија денес би можела да ја заврши војната. Додека Русија не го стори тоа, ние ќе бидеме обединети со Украина онолку колку што е потребно“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, најавувајќи дополнителна муниција за ракетниот систем ХИМАРС, оклопни борбени возила Бредли, хаубици и противтенковско оружје.

Најавата за дополнителна помош дојде додека кинескиот претседател Си Џинпинг беше во Москва каде разговараше за предлогот на Кина да се запре војната, пренесува RSE.

Киев претходно соопшти дека му требаат 350.000 гранати секој месец за да ја одбие руската офанзива на исток и да се подготви за контраофанзива оваа пролет.

Земјите членки на ЕУ досега и дадоа на Украина воена поддршка во вредност од 13 милијарди долари од почетокот на руската инвазија, а СДА 30 милијарди.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.