Украина: Девет руски воени авиони уништени на Крим

Сподели со своите пријатели

Украинското воено воздухопловство денеска тврди дека девет руски воени авиони биле уништени во вторникот во големи експлозии во воздухопловна база на Крим, пренесува АП.

Loading...

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека муниција експлодирала на аеродромот на Крим, но дека немало никаков напад и дека ниту еден авион не е оштетен.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим.

Подољак сугерираше дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици, објави Ројтерс.

Неколку експлозии се случија вчера во близина на населбата Новофјодоровка на Крим, а бројот на повредени на аеродромот се искачи на 13, додека едно лице загина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.