Укинати препораките за заштита од топлото време

Сподели со своите пријатели

Прекинуваат препораките за ослободување од работните обврски. Владата на Република Македонија донесе одлука за прекинување на препораките за ослободување од работните обврски.

Loading...

Исто така, се укинува и рестрикцијата на работно време за вршење градежни работи на отворено кои требаше да важат до 4-ти август.

Препораките се укинуваат поради најавата од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи дека во следните три дена ќе има намалување на температурите во цела држава. Надлежните служби ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата и да преземаат мерки согласно временските услови, стои во соопштението издадено од Министерството за здравство.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.