УКИМ го објави конкурсот за додипломци за академската 2016/17 година

Сподели со своите пријатели

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во академската 2016/2017 година.

Според Конкурсот, за сите студиски програми на факултетите во склоп на Скопскиот универзитет има вкупно 10535 слободни места.

Од нив 6606 се за редовни студенти во државната квота, 2819 места за редовни студенти со кофинансирање на студиите и 1110 места за вонредни студенти.

Како и во изминатите години, надоместот за редовните студенти е 200 евра односно 100 евра за дисперзирани студиски програми, а износот за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок е на 18-ти и 19 август. Вториот уписен рок е на 5 септември, а на факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15 септември, кога и почнува новата академска година.

Преземено: Сител