УКИМ го објави конкурсот за академската 2017/2018

Сподели со своите пријатели

Државниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ денеска го објави Конкурсот за запишување студенти на првиот циклус студии во академската 2017/2018 година, каде има 10.818 слободни места.

Според одобрените квоти од Владата на Република Македонија, 5.865 места се за редовните студенти кои ќе плаќаат партиципација од 200 евра, 3.793 места за редовни студенти со кофинансирање на студиите за што ќе плаќаат 400 евра, а истата сума ќе треба да ја платат и оние кои ќе се одлучат да студираат како вонредни студенти, за што има 1.160 слободни места.

Првиот уписен рок е на 17ти и 18ти август, вториот на 4ти септември, а ако останат слободни места ќе има и трет уписен рок кој ќе се реализира на 15 септември.

Оваа година УКИМ нема да има дисперзирани студии, откако Министерството за образование и наука одлучи да ги укине поради нивната непродуктивност.