УЈП најави присилна наплата на долг за радио – дифузна такса

Сподели со своите пријатели

Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои имаат заостанати долгови за радио – дифузна такса,  истите да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки.

Loading...

Како што објави УЈП, присилната наплата ќе започне од 15 ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk

Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.