УЈП и Државниот пазарен инспекторат ”прочешлаа” ресторан во село Черкези

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, во временски период од 01.30 до 02:30 часот, од страна на полициските службеници во содејство со УЈП и Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во угостителски објект лоциран во с. Черкези, Општина Куманово.

Од страна на УЈП било констатирано дека правното лице не поседува фискален апарат за што му е изречена глоба во износ од 1500 евра, како и забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена.

Од страна на ДПИ, констатирано е пречекорување на работното време при што е изречена казна во висина од 700 евра, додека за лицата затекнати со цигари во затворена просторија, изречени се глоби.

Правниот субјект ќе биде истотака казнет за дозволување на пушење во затворена просторија.

 

 

 

Loading...